24.3.11

Играта на Обвинување

Никој не победува во играта на обвинување.
На пример, правиш грешка и некој прави да се чувстуваш виновен. Во твоја одбрана ти обвинуваш некој или нешто.
„Ја удрив колата затоа што ти го пушти радиото прегласно!“
„Не е моја вина што има премногу сол во супата! Твојот рецепт е погрешен.“
„Ако имавме понов компјутер немаше да ги избришам компјутерските документи.“
Обвинувањето е употребено да да објасни слабост, слаби перформанси и работни неуспеси.
„Шефот ми е идиот, не можам да си ја завршам работата.“
„Ја затворив бојаџилницата и банкротирав затоа што се влоши локалната економија.“
„Не сум платен доволно да бидам љубезен со СЕКОЈ клиент.“
Обвинувањата се исто така употребени за лични проблеми.
„Во депресија сум заради трагедиите на телевизија.“
„Не можам да му бидам верен на жената затоа што имам хемиска неурамнотеженост1
„Не можам да престанам да пушам затоа што татко ми ме тепаше.“
Зошто Нема победник во Играта на Обвинување
Кога обвинуваш некој или нешто, ти исто така се правиш слаб и неефективен. Се ставаш самиот во состојба на ефект2 наместо да се ставиш во состојба на причинител3 над ситуацијата. Му даваш моќ на лицето или нештото што го обвинуваш.
„Обвинувајки нешто друго, го прави тоа нешто причина; и како тој причинител зема моќ, индивидуата во истиот акт губи контрола и станува ефект.“ - Л. Рон Хабард
На пример, твојот бизнис се распаѓа и ти го обвинуваш твојот асистент. Ова го прави твојот асистент помоќен од тебе. Ти велиш, „Мојот асистент одредува дали мојот бизнис ќе успее или ќе пропадне.“
Ако земиш одговорност4 за твојот бизнис би кажал, „Треба да го обучам асистентот да не прави повеќе грешки.“ или „Ќе го отпуштам асистентот, па бизнисот ќе успее.“
Друг пример, ги обвинуваш твоите родители за твојот стрес5 и анксиозност6. Ова ги прави твоите родители одговорни за твоите чувства добри или лоши. Ти велиш, „Моите родители се толку моќни, тие ги контролираат моите емоции. Јас немам контрола над анскиозноста.“
Стопирајки ја играта на обвинување и прифаќајки одговорност за себеси ти дава надеж. „Му дозволив на родителите да ми додеваат со нивните совети. Само треба да го подобрам мислењето за себе.“
Обвинување на нешеа е уште полошо. „Дежделивото време ме прави тажен.“ „Владата ми го уништува животот.“ „Генетиката ме прави дебела.“ Во овие случаи кажуваш, „Контролиран сум од времето/ владата/ генетиката и ќе се покорам на овие нешта до крајот на мојот живот.“
Успеваш само кога стануваш „причинител“ врз ситуацијата. „Ќе бидам среќен без разлика на дождот.“ „Владата нема да ме спречи во постигнување на моите цели.“ Дебела сум затоа што не ги менувам навиките.“
Јавете се на 077 543 840 и резервирајте место за Курсот Анатомија на Човековиот Ум каде ќе добиете седум препораќи за Завршување на Играта на Обвинување од кои ќе имате осум придобивки за Земање Одговорност
-                      повеќе лична моќ
-                      другите луѓе и нешта имаат помала контрола врз твојата судбина
-                      лошите состојби почнуваат да се подобруваат
-                      ќе правите помалку грешки
-                      поздрави и посреќни
-                      нема да може да те контролираат без твоја согласност
-                      ќе се чувствуваш помалку заробен и повеќе слободен
-                      стануваш најмоќна сила во твојот иден успех.

хемиска неурамнотеженост1- е теорија за причинителите на менталните болести според психијатрите
ефект2последица, резултат од некое
причинител3- некој кој прави нешто да се случи
одговорност4 - концептот да се биде способен да се грижи, да се посегнува или да се биде; способноста и волноста да се биде причинител. Да се прифати одговорност за нешто значи да се прифати дека се дејствувало како причинител во таа случка. Одговорноста треба сосема да се одвои од таквите размисли на ниско ниво, како што се обвинување или величење, кои вклучуваат натамошна проценка за доброто и лошото кај нештото што е причинето.
стрес5 - душевно и телесно преоптоварување на организмот во некои кризни моменти.
анксиозност6 - чувство на вознемиреност, загрозеност

No comments:

Post a Comment