Во некоја точка, можеби сте одлучиле дека сте неуспех. Сте сфатиле дека можеби нема да ги постигните своите цели. Сте го изгубиле вашиот оптимизам.
Се откажувате затоа што правите грешки. Правите неколку нешта за кои се каете. Избегнувате одговорност.
За среќа, имате неограничена количина на моќ под ваша контрола.
„Вашите потенцијали се големи, поголеми отколку било кој, било кога ти дозволил да веруваш дека се“ - Л. Рон Хабард
Што е потенциалност? „Капацитетот за раст или надградување, можност; моќ.“ Ако седеше на кутија со динамит, ќе седеше на кутија со потенцијалност. Динамитот не експлодира... но би можел.
Ти СЕДИШ на кутија со динамит; и тоа голема!
Твоите Потенциалности
Токму сега ти си способен да направиш подобрувања во твојата кариера или во твојот живот кои се по значајни и задоволителни од било што што некогаш си направил. Можеш потенцијално да го разбиеш твоето досие од минати постигнувања, да ги елиминираш најлошите проблеми и да се чувствуваш апсолутно прекрасно. Се што си направил во минатото станува малечко споредено со тоа што можеш да направиш во блиска иднина.
Повеќето луѓе имаат погрешна идеја за успех. Тие веруваат „можеш да направиш само толку“, или „треба само да продолжиш да се обидуваш“ или „за успехот треба време“. Таквото размислување те успорува и го лимитира твоето животно достигнување.
Наместо тоа можеш едноставно да земеш нов поглед на тебе, твоите навики и твоето мислење. И после АКЦИЈА!
Да направиш битни, инстантни подобрувања во твојата кариера или живот, мораш да отскокниш од твојата патека. Да ги надминиш зависностите од штедење, конзервативни планови. Да раскрстиш со стари шеми и да најдиш нови ставови.
Не се мести за мали подобрувања. Направи нешто големо и возбудливо. Најди дестинација која страствено ја сакаш и експлодирај!
Твојата Дестинација
Кога планираш одмор, не почнуваш со испитување на патот. Почнуваш со одбирање дестинација.
Патот е очигледен кога си фокусиран на целта. Поголема дестинација, повозбудливо патување.
Која е највозбудливата дестинација која можете да ја замислите за себе? Кои цели прават срцето да ти бие? Која цел го подигнува твоето расположение кога мислиш на тоа?
Ова се твоите потенцијалности. Ова се твоите сонови. Ова е она во што сега имаш дозвола да веруваш!
За да стигниш таму сконцентрирај се на крајниот резултат. Стави се себе си во сликата за која секогаш си се надевал. Ти предвидуваш цели кои се вистински за тебе.
Мораш да дејствуваш. Направи мал чекор, голем чекор или отскокни. Било кој прогрес ќе води кон повеќе прогрес, се додека запомниш да мислиш на твојот краен успех. Времето да се започни е сега.
Запали го динамитот!
No comments:
Post a Comment