30.4.11

Како да Поставите Големи Цели


„Нема човек кој е среќен без цел, и нема човек кој може да биде среќен без верба во својата сопствена способност да ја постигни таа цел.“

„Не постои намера вредна за разгледување која не вклучува среќа и искуство. Кога човек  не е повеќе способен да предвиди среќа како дел од неговата иднина, тој човек е мртов.“ - Л. Рон Хабард

Па, за да сте среќни ви требаат три нешта:

1. Цел.

2. Верба дека можете да ја постигните таа цел.

3. Целта мора да вклучува среќа.

Ајде да поминеме низ сите овие аспекти.

1. Цели

Прво, напишете ги своите цели. Што сакате да постигнете во наредните шест месеци? Година? Пет години? Десет години? Дваесет години? Кои се твоите цели за самиот себе? Кои се твоите цели за бракот, фамилијата, бизнисот, кариерата, твоите финансии?

Погледнете го примерот за цели подоцна во оваа статија. Пополнете го прашалникот за цели.

2. Верба

Земете ја првата цел. Дали мислите дека может да ја постигнте таа цел? Дали ви е реално дека ќе го постигнете овој краен резултат? Дали имате верба во своите способности дека ќе успеете?

Ако имате малку, или немате верба во вашите способности да ја постигнете целта, што би требало да имате верба дека можете? Ако не можете да најдите верба, што со целта, дали можеби треба да ја промените за да имате верба?

3. Среќа

Што со целта која ќе ве направи среќни? Кое позитивно искуство ќе го здобиете или уживање од постигнување на целта? Кога ќе помислите како би било кога ќе ја постигнете целта, дали чувствувате среќа?

Повторете ги овие чекори за остатокот од вашите желби.

Од сите ваши цели, кои пет се најважни?

Што можете да направите оваа недела за да направите прогрес кон овие пет цели?

Старт!


Примери за Цели

Примери за лични и фамилијарни цели: Намален стрес, да се чувствувам посамодоверлив, да најдам повеќе среќа во животот. Да ги намалам или елиминирам стравовите. Да престанам да му дозволувам на другите да ме контролираат негативно. Да ги променам лошите во добри навики. Да разрешам долгорочна расправа. Здравствени цели: диета, тежина, алкохол, лекарства, пушење. Да живеам барем ___ години. Да развијам лични вештини како: подобра смисла за хумор, повеќе храброст, итн. Да креирам полн со љубов и поддршка брак. Да ги подобрам односите со членовите на фамилијата. Да подигнам вредни, продуктивни, среќни деца.
Да поминам повеќе време со фамилијата. Да ги научам децата да успеат.

Примери за Цели на работа и во Кариера: Да ја зголемам личнат продуктивност или плата до одредено ниво. Да научам нови работни вештини. Едукативни цели. Да добијам напредување. Промена во подобро занимање. Да започнам втора кариера. Да започнам бизнис.

Примери за финансиски цели: Да излезам од долг. Да го зголемам приходот до ____ денари.  Да се пензионирам на __ години. Да платам за едукацијата на децата. Да направам одредени инвестиции. Да купам бизнис. Да купам голема, убава куќа. Да купам викендица, брод, авион, нова кола, коњи, базен за пливање, итн. Патувачки цели.

Примери за Бизнис цели: Да го подобрам квалитетот на услугата или продуктот до одредено ниво. Да постигнам ново ниво на продукција. Да го зголемам профитот. Да најдам беспрекорни вработени. Да креирам густ, ефикасен тим. Драматично да го зголемам бизнисот. Да отворам деловни канцеларии. Да купам или соединам со друг бизнис. Да продадам дел или целото бизнис искуство.

Примери за Социјални цели: Да помогнам на луѓето. Да откријам или развијам нешто значајно. Да го променам начинот на кој луѓето размислуваат за нешто. Едукативни цели. Добротворни цели. Религиозни цели. Општествени или социјални цели. Еколошки цели. Политички цели. Национални или интернационални цели.


Прашалник за Цели

1. Кои се твоите лични цели (здравје, лично подобрување, поседување)? 1 година? 5 години? 10+ години?
2. Кои се твоите брачни или фамилијарни цели? 1 година? 5 години? 10+ години?
3. Кои се твоите цели за работата или кариерата? 1 година? 5 години? 10+ години?
4. Кои се твоите финансиски цели? 1 година? 5 години? 10+ години?
5. Кои се твоите бизнис цели? 1 година? 5 години? 10+ години?
6. Кои се твоите социјални цели? 1 година? 5 години? 10+ години?

No comments:

Post a Comment