Приказни за Успехот

Пред околу 5 месеци бев занемен, па лут, па непријателски расположен, па со скршено срце и не комуницирав и бев болен. Имав ушка еден ѓаол што нон стоп ми шептеше на уво и ми се смееше. Откако  го гледав видеото Дијанетика и поминав некои курсеви, многу работи ми се расчистија во глава, сватив дека јас сум креатор на сето тоа расположение и дека тој ѓаол што ми беше ушка е дел од мене и дека има технологија како да го препознаеш и замолчиш а и по некое време да исчезни. Секој човек во основа ги има тоновите задоволство, ентузијазам, естетика итн. Благодарение на технологијата на Л. Рон Хабард можеш да бидеш тоа што сакаш. - Н.М.

Мојот живот има две етапи, пред и после Дијанетиката. Претходно ми фалеше самодоверба, ми беше тешко да започнам комуникација со некој, бев посрамежлива, бев и многу напната и нервозна. Многу бев лута, на се и тоа го покажував со инает кон сите. Откако ја прочитав Дијанетиката и направив Дијанетичко процесирање сум многу поотворена, без проблем и со леснотија започнува комуникација со секој што многу ми помага во работата. Исто така ми се подобри самодовербата и сум поопуштена. Подобра со луѓето. порано ми се случуваше да го поминам денот лутејки се на себе и незанејки зошто, а сега тоа веќе го нема. Многу сум посреќна, поубаво и поуспешно го живеам животот. Голема Благодарност до Л. Рон Хабард за технологијата која ја остави и голема благодарност до Менде кој ме воведе во Дијанетиката и Дијанетичкото Процесирање. - Е.П.

Фундаментот за постоење го објаснува секој чекор во животот. Неверојатно колку е очигледен патот до успехот. На почетокот на овој курс бев скептична за функционирањето на Дијанетиката, но кога започнав да ја применувам се повеќе сфаќав дека Хабард е во право. Со Аудитингот станав свесна за значењето на надворешното влијание и се вратив на почетните моменти од моето постоење. Вистината за нас е токму во нас, а Аудитингот е одличен метод за спознавање себе си. - С.Ј.