10.12.11

Зголемете го Успехот со Заблагодарување на Луѓето


„Одобрение и потврдување се често далеку повредни отколку материјалните награди и се најчесто заработени многу потешко отколку платата.“ – Л. Рон Хабард

Во Gallup Organization (консалтинг компанија која има 40 канцеларии во 27 земји основана во 1935 година) гласачко тело од 2000 работници, 69% кажаа дека вреднувањето и признанието од нивните шефови е помотивирачко отколку парите.
Четворица од пет вработени кажаа дека признанието и вреднувањето ги мотивира да направат подобра работа. Покрај ова, најмногу работници чувствуваат дека не се соодветно вреднати и ценети.

Студии од Америчката Армија покажаа дека војниците ги подобруваат нивните перформанси 90% од времето кога се ценети и 30% од времето кога се критикувани. Но офицери во Америчката Армија сеуште преферираат да критикуваат и ретко да вреднат некој.

Самиот принцип докажан еднаш со пропаднатите бизниси кои не можат да ги платат вработените. Наместо отпуштање вработени или позајмување пари да се покријат платите, новиот сопственик користеше потврдувања и вреднувања како „плата“.

Секој вработен остана на работа без финансиска плата скоро два месеци. Моралот на групата беше бескраен. Операцијата стана профитабилна и вработените на крај беа наградени со пари.

Заблагодарување на вработените е ефективна менаџмент техника. Секој менаџер и извршител мора да знае како да покажи благодарност до вредните вработени. Добри потврдувања охрабруваат подобро однесување и зголемена продукција.

Работниците можат ИСТО така да го зголемат нивниот успех со соодветно заблагодарување на нивните шефови и соработници. Ако твојот лидер и соработници прават подобро, вие правите подобро. На пример, успешните спортски соиграчи константно се подобруваат меѓу себе со гласно викање и со „пукање“ со рацете. Ентузијазмот е заразен.

Заблагодарување на луѓето во фамилијата или пријателите исто така може да креира интересни резултати.

Можеш да ја покажеш твојата благодарност на многу начини.
 
Осум Начини на Заблагодарување на Луѓето

1. Вербално и директно заблагодарете му на личноста. Запрете ја личноста, погледнете ја в очи, добијте го целото нејзино внимание.  „Драган, фала што ги среди документите.“

2. Објаснете зошто го цените тоа што личноста го направи. Бидете претцизни.  „Ми се допадна како ги употреби обоените етикети за да ни биде полесно да ги пронајдеме документите во иднина.“, „Ме вчудоневиди како го натера малиот Ефтим да се смири и да си ја среди собата.“, „Откако ми го надгради компкутерот, многу побргу си ја сработувам работата!“

3. Зголеми ги комплиментите. „Начинот на кој сето го организира, стварно прави да е убаво работењето околу тебе.“,  „Откако дојде дома, сите во фамилијата се сложуваат подобро.“, „Ако ми помагаш со компјутерот во иднина, ќе добијам покачување!“

4. Прави индиректни вреднувања. На пример, дај комплимент на една личност за друга личност. „Здравко супер ми ја среди колата!“, „Знаеш, Мери ми е една од најдобрите пријателки кои некогаш сум ги имал.“, „Мислам дека нашиот шеф е фантастичен менаџер.“

5. Брани ја личноста. „Викаш Бранка е премногу перфекционист, но никој не може да ги организира нештата како неа.“, „Ако било кој од нас беше шеф, ќе мораше и ние да бидеме строги.“, „Можеби треба да му го кажеш тоа в лице а не зад грб.“

6. Побарај, помош од личноста, мислење или идеја. Како шеф, прашувајки го вработениот за совет покажува дека ја вреднуваш неговата интелегенција. „Можеш да ми дадеш некоја идеја за проблемот со паркингот?“, „Дали мислиш дека треба да вработиме уште еден асистент?“

Како вработен, ако побараш соработник за помош, не само што покажува дека имаш добро мислење за соработникот, го охрабрува да биде на твоја страна. „Може да побарам совет од тебе?“

7. Дај комплимент на нивните достигнувања. Наместо вреднување на личноста ја вреднуваш нивната работа. Стани среќен, дури и возбуден за постигнувањата на личноста. „Вечерата е стварно фантастична!“, „Аквариумот никогаш не изгледал почист!“, „Г-ѓа Мирковска беше многу среќна откако се сретна со неа.“

8. Физички контакт. Ракувања, тапкања по рамо дури и прегратки може да го искомуницираат твоето ценење брзо и ефективно.

Пробајте и вистински заблагодарете се на некој веднаш!

No comments:

Post a Comment