Редовен Прогрес = Моќ
Многу од оние кои сакаат да успеат наоѓаат олеснување и подобрен став од
овој цитат:
„ТОТАЛНОСТА НА МОЌТА Е РЕДОВЕН
ПРОГРЕС“ – Л. Рон Хабард
Обесхрабување и фрустрација од не постигнување на целите доволно брзо се разрешени
со редовен прогрес.
Дали некогаш станувате фрустрирани затоа што вашиот живот не е како што сакате?
Можеби се обидувате да ги прескокните чекорите неопходни за постигнување на
вашите цели. Наместо да барате ПЕРФЕКЦИЈА ДЕНЕС!, фокусирајте се на редовен
прогрес и изгледите за успех се многу поголеми.
Дали некогаш се чувствувате совладани? Ако да, редовниот прогрес станува
дури и уште поважен. Соочување огромна количина на работа не е совладување кога
се гледате самите како правите редовен прогрес, дури и во мала количина, кон
вашата цел.
Дали некогаш се чувствувате како да губите тло или неуспех? Ако ја зацртате
вашата актуелна цел и помрднете пет центиметри поблиску на редовна основа,
имате нова моќ.
Дали некогаш се чувствувте како да газите во вода и не одите никаде? Време
е да се фокусирате на редовен прогрес.
Како да изедете слон? Како да поместите планина? Како да постигнете огромни
цели? Една полна уста, една карпа, еден чекор на време.
Примери: давање позитивен впечаток на една повеќе личност, учење уште една
нова вештина, скратување една лоша навика, инвестирање уште неколку денари во
заштеда. Дневниот прогрес во специфична насока креира долгорочна моќ кога
прогресот е константен и редовен.
Ако сте биле незадоволни со вашиот прогрес во животот, или ако се
чувствувате обесхрабрени, совладани или фрустрирани, направете листа на редовни
чекори кои можете да ги правите секој ден и секоја недела. Смирени, директни,
редовни чекори.
Еднаш штом ја имате вашата стратегија разработено нема потреба да се
грижите за минатото или иднината само концентрирајте се на сегашноста, на
чекорите од овој план. Со ставање ред во вашиот прогрес, ништо и никој не може
да ве сопри.
Мало планинско парче е помоќно од гранитна карпа кога парчињата полека но
сигурно ја истанчуваат карпата. Редовниот прогрес кон целта почнува со мали,
позитивни чекори.
Можете да генерирате нова моќ од оваа недела натаму. Одлучувањето да се
прави редовен прогрес е првиот чекор.
No comments:
Post a Comment