20.5.11

Вашата Моќна Имагинација


За време на екскурзијата од должност во Виетнам, Мајор Џејмс Месвет беше заробен и беше држен како затвореник во малечка келија седум години. Да се задржи здраворазумен, тој ментално ја практикуваше играта голф.

Секој ден ќе замислуваше дека е до првиот клин каде се става топчето во неговиот клуб. Ќе го замислеше времето, чувството на палката и тревата на неговите нозе. Ќе
погледнеше во топчето и ќе го замислеше совршеното замавнување.

Наскоро кога беше ослободен и вратен во Соединетите Држави, отиде во неговиот клуб и изигра партија голф. Од 20 удари, чукна 20 во првата игра! Без да ја допри палката цели 7 години, вежбаше секој ден и ја подобри својата игра додека беше затвореник.

Истиот принцип се применува и на вашата работа.

„Способноста на некој да замисли е право пропорционална со неговата способност да биде успешен“ - Л. Рон Хабард

Можете да ја користите својата имагинација на многу начини.


Постигнување на Цели

Замислете успешно постигнување на вашите цели и вашите шанси за постигнување на тие цели се поголеми.

На пример, Анастасија и нејзината сестра Бојана двете сакаат да имаат дом.

Анастасија чува кутија полна со бои за бојадисување, примероци од килими, планови за подот итн. Таа отсекува статии за локации на домот, заеми и совети за купување. Таа има чиста ментална слика за тоа како нејзиниот дом ќе изгледа и често гледа во неа.

Бојана, од друга страна, се грижи за високите цени на домовите. Чувствува страв од тоа да не порасне каматата. Таа се жали дека животот не е фер.

Анастасија и Бојана, двете дознаваат за куќа која е на продажба и каде продавачот би го помогнал финансирањето.

Која од сестрите кажува, „Сигурна сум дека можам да си ја дозволам“

Која од сестрите кажува, „Ќе ја разгледам куќата за време на паузата за ручек“

Што мислите, која прва ќе купи куќа?


Решавање Проблеми

Кога сте соочени со тешка ситуација на патот до успех, можете да земете една од двете ментални патеки:

1. Наполнете го умот со лоши сценарија анксиозност и изговори.

2. Мислете на добро сценарио, изнаоѓајте решенија и ментално подгответо план.

На пример, белјаџијата на работа што се вика Борче ти вели, „Слушнав што рече за мене. Мислиш дека си подобар од мене, така. Зафатен сум, ама утре ќе дојдам да те видам.“

Таа ноќ, не можиш да спиеш. Се грижиш за тоа што Борче ќе те критикува, ќе вика или можеби и ќе стане насилен. Додека размислуваш на оправдувања за да не одиш на работа, ги менуваш мислите и одлучуваш да се соочиш со проблемот. Замислуваш како Борче почнува да соработува со тебе.

Ментално го прегледуваш разговорот со Борче. Листаш се што овој белјаџија Борче може да речи или да направи и ѓи вежбаш најдобите одговори на секоја ситуација. Правиш план. Се опушташ и заспиваш.

После штом го сретниш Борче, подготвен си. Го гледаш в очи и прифаќаш се што кажува без стреснување. Борче чувствува самодоверба и се смирува.


Само Дисциплина

Вашата имагинација може да ви помогне да прекинете лоши навики.

На пример, планината од документација го голта бирото. Наместо да го правиш едвај минималното количество на работа, се замислуваш себе си како ја завршуваш целата заостаната работа во еден ден.

Ментално се замислуваш како ја затвораш вратата, го исклучуваш телефонот и скокнуваш на работа. Се гледаш себе си како ораш низ купот покрај се. Ја чувствуваш радоста додека го средуваш последното парче хартија и гледаш во твоето чисто биро.

Го замислуваш сето тоа додека се тушираш наутро.

Кога стигнуваш на работа, знаеш што треба да направиш. Затоа што имаш бујна имагинација, наскоро ќе имаш чисто биро.

Друг пример, никогаш не си на време на состаноци. Луѓето ги носат материјалите за читање на состанок кој е закажан за во 14ч. Состанокот всушност ќе започне во 14:30ч.

Да го промениш ова, се замислуваш како стигаш предвреме на распоред. Забележуваш дека си подобро фокусиран. Се гледаш себе си како закажуваш состаноци базирани на реалност. Дури и планираш одговори на сите изненадени погледи кога ќе се покажеш на време.


Други Употреби

* Замисли како остатокот од денот ќе помини за тебе. Дали ќе биде продуктивен? Што ќе постигнеш?

* Замисли го твојот следен одмор. Каде ќе одиш? Какво ќе биде времето? Како ќе се чувствуваш после тоа?

* Ако бараш сопруга, замисли каква ќе биде. Замисли го вашето заедничко живеење.

*Замисли поголеми цели за тебе. Што би сакал да постигнеш кога би можел да постигнеш се? Што навистина си спремен да направиш? Што би била фантастична, гигантска цел која можеш да ја постигнеш?

* Замисли постигнување на секоја цел што ја имаш.

Веројатно можете да замислите многу употреби.

Едноставно со користење на имагинацијата се намалува стресот и го прави твојот живот попозитивен.

Замисли се себе си како ја применуваш оваа алатка и после направи го!

No comments:

Post a Comment