1.6.11

Вашиот Став


„Целиот Свет Смрди!“

Додека Дедо си дремеше на креветот, неговиот седум годишен внук зеде малку Лимбургер сирење од фрижидерот и го замачка на мустаките на дедо.

Кога се разбуди Дедо, кажа, „Собата смди!“ Оди во друга соба и вика, „Оваа соба смдри.“ После шетање низ куќата, кажа, „Цела куќа смди!“


Дедо оди надвор, вдишува длабоко и вика, „Цел свет смрди!“

Ставот за животот го прави истото нешто.


Примери

1. Бракот не оди добро. Одиш на филм и забележуваш како никој не се смее. Паровите изгледаат како да им е здосадено еден од друг. Среќниот крај на филмот изгледа лажен.

2. Нечиј груб коментар на работа прави главата да ти експлодира од гнев. Додека возиш дома, сите изгледаат агресивни и сурови. Возиш како опасен, луд мањак. Планираш пиштол да купиш.

3. Ги гледаш вестите на телевизија неколку саати и се чувствуваш вознемирен. Одиш надвор и ги гледаш авионите како можна закана. Се сомневаш дека комшијата е лош батка. Скокаш од кожа кога дете ќе викни, „Бенг!“

4. Бизнисот само што направи добар профит месецов. Славиш во ресторан каде храната е одлична и келнерот весел. Кога одиш надвор, залезот изгледа величенствено. Сите изгледа како да се смешкаат.


Зошто Животот се Менува

Во една статија „Дали е Можно да се Биде Среќен?“ Л. Рон Хабард пишува:

„Се сеќавате кога сте имале можеби пет години и сте излегле надвор некое утро и сте погледнале во денот, и тој бил многу, многу убав ден, и сте погледнале во цвекињата и тие биле многу убави цвеќиња.

„Дваесет и пет години подоцна станувате наутро, погледнувате во цвеќињата - тие се овенати. Денот не е веќе среќен како некогаш.“

„Па, што се променило? Вие знаете дека тоа се истите цвеќиња, истиот свет, но нешто мора да се променило. “

„Веројатно сте се промениле вие.“

„Всушност, едно мало дете сите свои задоволства во животот ги извлекува од убавината што тоа му ја дава на животот. Тоа замавнува со волшебна рака и ги создава сите интересни нешта во општеството. Еве го тука како некој голем, силен, суров човек, кој го јава својот железен коњ,(моторцикл) натаму и наваму, и човеку тој сака да биде полицаец. Да господине! Тој сигурно сака да биде полицаец; и дваесет и пет години подоцна тој го гледа полицаецот кој се вози натаму и наваму и го проверува својот брзинометар и вели „По ѓаволите со овие полицајци!“

„Па што се променило тука? Дали се променил полицаецот? Не. Само ставот кон него. Ставот на еден човек кон животот е тоа што ја прави сета разлика во неговото живеење. Знаете нема потреба да изучите илјадници древни книги за да го откриете овај факт. Но, понекогаш е потребно повторно да се нагласи дека животот не се менува толку многу колку што се менувате самите вие.“

„Оној ден кога ќе престанете да ја градите својата околина, кога ќе престанете да го градите своето опкружување, кога ке престанете да замавнувате со волшебна рака и со маѓија и убавина да разубавувате се околу вас, нештата престануваат да бидат волшебни, тие престануваат да бидат убави.“


Додајте малку маѓија во вашиот живот

Исчистете ја миризбата од Лимбургер сирењето и направете го животот по забавен со оваа вежба.

1. Погледни околу тебе. Забележи го твоете моментално окружување во сегашно време. Фокусирај се на тоа каде си.

2. Помисли на начин на кој можиш окружувањето да го направиш малку покомфорно. Запиши го.

3. Помисли на начин на кој можеш окружувањето да го направиш малку повесело. Запиши го.

4. Помисли на начин на кој можеш окружувањето да го направиш малку поубаво. Запиши го.

5. Прави ги овие три нешта.

6. Повтори ги чекорите додека твојот став и светот околу тебе не се подобрат.

No comments:

Post a Comment