14.6.11

Добиваш Тоа Што Наградуваш


Замисли дека имаш твоја продавница за поклони. Две продавачки работаат за тебе, Ана и Августина.

Ана е атрактивна и весела. Таа се облекува убаво и ужива во својата работа. Таа е многу социјална и сака да си муабети со клиентите.

Августина не се облекува добро како Ана. Таа не муабети многу со клиентите, но е
постојано зафатена. Таа сака да ги аранжира излозите со поклоните, да направи попис и да ги складира полиците.

Одлучуваш да отвориш перална долу на патот и ти треба менаџер за продавницата за поклони. Пријателите ти велат, „Ана е најдобриот избор за менаџер. Таа се облекува убаво и ужива да си муабети со клиентите. Сите ја сакаат неа најмногу!“

Ти сеуште не можеш да се одлучиш помеѓу Ана и Августина. Па го проверуваш компјутерот и откриваш дека продажбата на Ана опаѓа во последните неколку недели. Можеби помина премногу време во муабетење со клиентите.

Статистиките за продажба на Августина се креваат секоја недела. Всушност, иако не се облекува добро како Ана, таа продава дупло повеќе поклони од неа.

Кого треба да го унапредиш во позиција на менаџер?


Награди и Казни

„Кога наградуваш надолни статистики и казнуваш високи статистики добиваш надолни статистики.“

„Ако наградиш непродукција добиваш непродукција.“

„Кога казнуваш продукција добиваш непродукција.“

„Ние наградуваме продукција и високи статистики и казнуваме непродукција и ниски статистики.  Секогаш.“

„Исто така правиме се по статистики - не озборувања или лишности или кој знае кого. И се осигуруваме секој да има некакви статистики.“ - Л. Рон Хабард

Како што веројатно знаете, ако ја наградите Ана со унапредувањето, ќе добиете намалување на продажбата. Сите ќе почнат да изгледаат добро и да си муабетат по цел ден. Таа има надолни статистики. Со водство на Ана губиш пари.

Ако ја наградиш Августина со унапредувањето, продажбата на поклони веројатно ќе се зголеми. Луѓето купуваат поклони со Августина. Таа има високи статистики. Со водство на Августина, правиш поголем профит.


Нефер Менаџмент

Вработените најгласно се жалат кога се нефер третирани; кога луѓето се наградени или казнети заради нивната личност или појава.

Нефер менаџери наградуваат луѓе заради нивната возраст, нивните автомобили или нивните политички верувања. Нефер менаџери казнуваат луѓе заради нивните акценти, боја на кожа или големина на тело.

Дури иако си со високи статистики, нефер менаџерот ти ја зголемува или намалува платата поради тоа како се согласуваш со другите, чија рака ја бакнуваш или како се однесува твојот сопруг на забавите.

Други примери:

Андреј е назначен за Заменик Претседател на Продажба затоа што секој викенд игра билијард со основачите на компанијата.

Некој производител има 16 жени и 25 мажи што работаат на подвижна лента. Сите ја работаат истата работа, но мажите се платени 15% повисока плата.

Затоа што Бојана работи во компанијата десет години, таа е платена 55 денари од час. Анастас работи дупло поголема работа, но бидејки работи таму само две години, тој е платен 40 денари од час.

Фер Менаџмент

Ако бизнис наградува само луге со високи статистики, најдобрите луѓе ќе останат во компанијата а губитниците наскоро ќе откажат. Секој има фер избор да успее. Бизнисот станува попродуктивен и попрофитабилен.

Ако работиш во таква компанија имаш повеќе можности. Се додека продуцираш повеќе од обично на долгорочни основи, добиваш повеќе плата, повеќе почит и помалку грижи. Можеш дури и да закасниш одвреме навреме без никој дури и да спомни за тоа.

Никој не би сонувал да те отпушти затоа што ја правиш компанијата успешна.

Други примери:

Билјана е назначена за Заменик Претседател на Продажба бидејки нејзиниот тим за продажба ја надминува квотата секој кватрал во рок од пет години.

Компанијата за кошници го плаќа изработувачот на кошници 40 денари на час плус 10 денари на кошница, брзиот плетач на кошници заработува 150 денари на час. Спорите плетачи заработуваат по 60 денари на час. Не е важно дали си машко или женско, стар или млад. Ти ја контролираш твојата плата.

Ти си дел од тим кој напорно продуцира. Твојот тим покажува зголемен профит за компанијата во последната година. Сите членови на тимот добиваат бонус од 5000 денари на крајот на годината.

Ако твојот шеф не ефер, како ќе направиш да те третира повеќе фер? Еден начин е просто да го спомниш овој принцип. Може да започнеш синџир од настани кои водат до пофер работно место. На пример, „Ако направам повеќе овој месец отколку било кој досега што направил дали може да добијам 2000 денари бонус?“ „Ако ја дуплираме продажбата овој месец, дали ќе ни дадеш платен слободен ден?“

Ако твојот шеф е паметен, тој или таа ќе ја сака идејата за наградување на продукција. Ќе додаде казни за ниска продукција и тој или таа може ќе се онесвестат од среќа. Ако на твојот шеф не му се допаѓа идејата, можеби е време да си најдеш нов шеф.

Ако ти си шефот, наградување луѓе базирано на статистики ти ја прави работата полесна. Само погледнуваш во статистиките за да ги идентификуваш најдобрите луѓе. Ако некој каже дека тие многу продуцираат, побарај го доказот.

Користи ги статистиките за да одлучиш кој ја добива најдобрата работа, бонусот или унапредувањето. Како шеф, ќе видиш дека твоите сопствени статистики ќе се подигнат како резултат.

No comments:

Post a Comment