13.8.11

Како да ја Предвидите Вашата Иднина


Бојан секогаш се прашуваше, „Што ќе се случи со мене? Што носи иднината?“

Тој се сеќава како татко му му вели, „Сé што можиш да направиш е да се надеваш на најдоброто.“ Па Бојан се надева и надева.

„Се надевам ќе ме платат повеќе за мојата работа. Се надевам луѓето ќе бидат
поблагодарни со мене. Се надевам моите инвестиции ќе се вивнат до небо и ќе можам да се пензионирам. Исто така се надевам дека ќе добијам на лото.“

После година надевање, ништо не се менува за Бојан.

Додека гледа телевизија, Бојан слуша како некој вели, „Мора да се сеќаваме на минатото за да спречиме нештата да се случат во иднина.“

Па ги прегледува своите грешки и заклетви за да не му се повторат. Поминува уште една година без подобрувања.

Бојан од интернет дознава за судбината. „Иднината е предопределена. Надвор е од наши раце.“

Тој заклучува, „Никој не знае што ќе се случи. Ќе чекам и ќе видам, како и сите други.“

Бојан е спектатор.


Временска Машина

Кога би можеле да погледате во временска машина и да видите 100 години во иднината, што би виделе?

Ако видите општество во космичка ера со неверојатни компјутеи, роботи и просторни патувања, ќе знаете дека научниците, инженерите и техничарите се најамбициозни.

Ако општеството е богато и просперитет е достапен за сите, знаеш дека претприемачите, менаџерите и бизнис сопствениците се најамбициозните.

Ако видите свет во војна и луѓето се убиваат секој ден, знаеш дека дилерите со оружје, терористите и некои типови на политичари се најамбициозните.

За да ја погледните иднината на нашиот свет, само погледнете во најистрајните, најстраствените и најинтензивните луѓе и ќе ја видите иднината.

Што ја пали оваа моќна амбиција во луѓето?


Дали си Спектатор или Играч?

Ти ја предвидуваш и контролираш твојата иднина со поставување возбудливи цели за кои си сигурен дека можеш да ги постигнеш.

„Ако човек може да сонува, ако човек може да има цели, тој може да биде среќен и тој може да биде жив. Ако тој нема цели тој нема ни иднина.“ - Л. Рон Хабард

Прашуваш, „Што да направам да се случи? Што да постигнам? Што САКАМ во мојата иднина?“

Иднината е како празно поле. Никој сеуште не игра на него. Можеш да истрчаш таму и да ја почнеш играта.

Додека луѓе како Бојан си седат на местото, ТИ ИГРАЈ ЈА ИГРАТА ЖИВОТ.

No comments:

Post a Comment