Никој не сака љубоморен придружник и никој не сака да биде љубоморен. Љубомората креира анксиозност, гнев, осаменост, омраза, страв. Никој не размислува чисто кога се чувствува љубоморен.
Да се има врска со љубоморна личност е тешко. Љубоморната личност делува недоверливo или невреднo. Љубомората ја прави личноста непривлечна, дури и одбивна.
Што ја причинува љубомората?
„Љубомората е најголемиот фактор за раскинување бракови. Љубомората доаѓа заради несигурноста на љубоморната личност и љубомората може или не мора да има основа. Личноста се плаши од скриени комуникациски линии и ќе направи сé за да се обиде да ѓи разоткрие.“ – Л. Рон Хабард
Кога си љубоморна, изгледа дека постои комуникациска линија со твојот сопружник или љубовник која е скриена од тебе. Мистеријата ја причинува болката. Ако си очевидец на комуникациската линија на твојот сопружник, така што не би била скриена од тебе, не би се чувствувал љубоморен.
Скриени комуникациски линии или мистерии те прават да се запрашаш. „Дали ќе најди некој што е подобар од мене?“ „Дали има афера?“ „Дали ќе ме остави?“ „Дали мисли дека сум неатрактивна?“
Кога си љубоморен, мистеријата причинува да се посомневаш во најлошото. „Можеби ќе се заљуби во неговата слатка рецепционерка и ќе ме остави.“ „Ќе оди на вечера со нејзиниот поранешен дечко затоа што сеуште ја привлекува.“ „Ќе си дојди дома и ќе ми кажи дека сака развод.“
Како да Разрешите Љубомора
„Комуникацијата е коренот на брачниот успех од кој може да порасне силна заедница, и не-комуникација е карпата од која бродот ќе ја тресни својата кобилица*.“ – Л. Рон Хабард
(*Кобилица: Главниот структурален дел на брод кој се протега од задниот клун до предниот.)
Ако си љубоморен, треба да комуницираш. Треба да престанеш да се сомневаш во најлошото и да прашуваш. Комуницирај ѓи твоите чувства за да можеш да изнајдеш решениа.
Богдан му вели на жена си, „Не сакам да ја чувствувам оваа љубомора. Сакам да се ослободам од неа со тоа што ќе ти поставам прашање, добро? Добро. Па, дали те привлекува Васко?“
Неговата жена вели, „До небо не! Васко само бараше некаква помош за син му. Те сакам како луда!“
Ако Богдан не комуницира, комуникацијата на неговата жена со Васко го прават Богдан љубоморен, исплашен и бесен. Нивниот брак страда.
Ако твојот придружник е љубоморен, осигурај се дека немаш скриени комуникациски линии. „Дали би сакал да го прочиташ ова писмото од Горан?“ „Може да се најдеш со Васко за да му помогнеш со син му?“
Користи комуникација за да го разрешиш проблемот. На пример, ја забележуваш Весна како делува вознемирено и не зборува. Се прачуваш самиот, „Која комуникациска линија може да биде скриена од Весна?“ Сфаќаш дека таа делува вознемирено откако си почнал да работиш за привлечна шефица.
„Весна, сум ти кажал за мојата нова шефица?“ Весна скокнува и сега сака да зборува. Го комуницираш фактот и ја отстрануваш мистеријата. Весна е весела и сака да оди во кино.
Исто како што ја користите комуникацијата за да разрешите мистерија, комуницирајте ги вашите чувства за вашиот сопружник или дечко/девојка. Кажете му нему или неа како се чувствувате. Изразете ја вашата љубов. Покажете ја вашата наклонетост.
Разрешете ги мистериите од минатото. Дискусирајте ги вашите чувства во сегашноста. Правете планови за иднината. Затоа што со комуникација, вашата врска ќе биде голем успех.
Л. Рон Хабард исто така напиша, „Љубомората се појавува заради несигурноста на љубоморната личност...“ Откритијата на Г-дин Хабард за несигурноста и нејзино справување можете да ги најдете на Курсот Анатомија На Човекомиот Ум. Пријавете се веднаш на телефон 075 789 986! Местата се ограничени!
No comments:
Post a Comment