Дали некогаш сте забележале како сакате да зборувате со некои луѓе, но мразите да зборувате со други? Дали сакате луѓето да имаат доверба во вас или да се чувствуваат удобно зборувајки ви вам? Ако е така, ке ја сакате оваа едноставна, сепак моќна комуникациска тајна.
Вие веројатно знаете дека за навистина да се комуницира со луѓе треба внимателно даслушате. Но што правите откако слушате? Како му давате до знаење на едно лице дека
сте го слушнале она што го рекло?
сте го слушнале она што го рекло?
„Потврдувања: Нешто кажано или сторено за да се информира другиот дека неговата изјава или акција била забележана, разбрана и примена. ’Многу добро’, ’Во ред’, или други фрази кои имаат намера да го информираат другиот кој зборувал или дејствувал дека неговата изјава или акција била прифатена.“
„Потврдувањата самите по себе не значат неопходно дозвола или негодување или било што друго покрај извествањето дека една акција или изјава е забележана и е примена.“ - Л. Рон Хабард
Едно потврдување може да биде климање или нсамевка, ’ти благодарам’ или ’во ред’. Му дава на личноста знаење дека си ја примил неговата комуникација.
На пример, ако те прашам за времето и ти ми одговориш, ’девет е часот’, како би знаел дека јас го примив твојот одговор ако не ти дадам некаква потврда? Не би знаел дали си слушнат.
10 Навестувања за Потврдувања
1. Некои луѓе не зборуваат воопшто. Во некоја точка можеби се обиделе да се изразат себе си и биле игнорирани. Се откажале од идејата дека некој ги слуша нив.
2. Други луѓе зборуваат цело време како да имаат идеја дека никој не ги слуша. Тие сеуште се обидуваат да бидат слушнати. Кога некој би им дал потврда, би се опуштиле.
3. Кога работодавците на своите вработени им даваат добри потврди за завршувањето на нивната работа, вработените би се чувствувале горди и задоволни.
„Шефе, ја завршив работата пред време и под буџетот!“
„Добра работа!“
Ако шефот не даде потвда на завршената работа, вработениот или ќе ја повтори изјавата или ќе се откажи и ќе изгуби интерес да зборува со шефот.
4. Вработени на кои не им се давани потврди често бараат поголема плата затоа што платата е друг вид на потврда. Без потврдувања, вработените на крај ќе се откажат и ќе најдат шеф кој ќе ја цени нивната напорна работа.
5. И на шефовите и на родителите им требаат потврдувања исто така.
„Би можел да ја исчистиш оваа област пред да заминиш?“
Тишина.
„Реков, исчисти ја оваа област пред да заминиш.“
Празно лице.
„НЕ МЕ СЛУШНА? РЕКОВ ИСЧИСТИ ЈА ОВАА ОБЛАСТ ПРЕД ДА ЗАМИНИШ! РАЗБРА?“
6. Ако заборавиш да им заблагодариш на лужето за нивните подароци, на крај нема да добиеш. Ако никогаш не одговориш на лични писма, никој нема да ти пишува. Ако никогаш не враќаш на телефонските повици, твојот телефон на крај ке занеми.
7. Давање потврда на email комуникацијата е исто така важно. Со филтери, спам и вируси во системот, може да не знаеш дека твоите пораки стигаат до личноста ако таа не врати, „Благодарам на забелешката“
8. Деца на кои не им се даваат потврди се вознемируваат и бараат повеќе внимание. Гледате вакви деца по продавници. „Мамо? Гледај го ова! Мамо? Гледај ме! Мамо? Мамо?“ Родителите кои им даваат потврди на своите деца имаат посмирени, деца со поголема сигурност.
9. Кучињата и мачките се посреќни кога им давате потвда на нивниот напор да ви угодат. Игнорирајте ги и може да започнат да прават проблеми.
10. Кога луѓето не ти даваат потврдам се повторуваш самиот. Почнуваш да климаш. Зборуваш погласно.
Пробуваш самиот да си дадеш потврда. Стануваш бесен или викаш.
На крај, може да одлучиш „по ѓаволите со тоа“ и престануваш да зборуваш.
Јавете се на 077 543 840 и резервирајте место за Курсот „Анатомија на Човековиот Ум“ каде ќе дознаете Како да давате добри потврдувања.
No comments:
Post a Comment