26.11.11

Што е Пострашно: Терористи или Страв од Терористи? (втор дел)


Дилерите на оружје исто така прават огромен профит со ширење хаос. На пример, дилерот на оружје му кажува на лидерот на некоја земја, „Таа земја таму има има насочено бомби на тебе. Ти треба да купиш повеќе бомби да ѓи насочиш на нив.“ Дилерите на оружје тивко прават милијарди во профит.

Секако, весниците, магазините со вести и телевизиските вести исто така прават голем профит со ширење на колку што е можно повеќе лоши вести. Колку се пострашни вестите, толку повеќе луѓе ќе ги гледаат вестите или ќе купуваат весници или магазини.

19.11.11

Што е Пострашно: Терористи или Страв од Терористи? (прв дел)


Од 11.9, пред 10 години, многу луѓе сеуште се плашат да летаат во авиони, да го посетат Њу Јорк или да работаат во висока зграда. Многу Американци се плашат од некој кој доаѓа од Средниот Исток.

Баш како што стравот од тероризам може да влијае на земјата, стравот може да го повреди твојот успех. Наместо да работиш на твојата кариера или иднина, стануваш тивок или се криеш.

12.11.11

Храброст


Си одиш по тротоар и ти доаѓа некој тип и ти ги бара парите. Си возиш по патот и полицаец те сопира. Лидерот на твојата група бара од тебе да зборуваш на целата група.

Твојот шеф или колега е лут на тебе и почнува да вреска. Наеднаш се срушува твојата главна инвестиција. Силеџијата од маалата сака да зборува со тебе.

7.11.11

15 Прашања за Правење Големи Одлуки (втор дел)

4. Финансии? Две витални прашања: Што чини секоја опција? Колку пари ќе врати секоја од нив? Цената не е бариера ако предвиденото враќање е поголемо од цената.

5. Секвенци? Повеќето луѓе  забораваат да погледнат во точните чекори инволвирани во секоја ситуација. На пример известен си по е-пошта, „Честитки! Добивте луксузно АМ/ФМ радио, $500 во кеш, 60 ТВ или крстарење до Алјаска!“ Одлучуваш да си ја подигнеш наградата.