Си одиш по тротоар и ти доаѓа некој тип и ти ги бара парите. Си возиш по
патот и полицаец те сопира. Лидерот на твојата група бара од тебе да зборуваш
на целата група.
Твојот шеф или колега е лут на тебе и почнува да вреска. Наеднаш се срушува
твојата главна инвестиција. Силеџијата од маалата сака да зборува со тебе.
Како некој што сака да успее, потребна ти е храброст да се справиш со се
што те плаши. Мораш директно да ги соочиш стравовите. Потребни ти се неколку
типа на храброст.
Храброст да дискутираш на чувствителни теми.
Храброст да бидеш критикуван.
Храброст да кажеш „не“
Храбрoст да правиш одлуки.
Храброст да ја кажеш вистината.
Храброст да ги соочиш фактите.
Храброст да бидеш во малцинството.
Храброст да држиш позиција.
Храброст да признаеш дека грешиш.
Храброст да веруваш на другите.
Храброст да прифатиш одговорност.
Храброст да не се согласиш.
Храброст да промениш.
Без храброст, твојот успех е неверојатен.
„Личност со висока храброст е
вреден соработник и групен член, но кукавица е опасна препрека како пријател.“
Од Наука за Опстанокот од Л. Рон Хабард
Секој пат кога употребуваш поголема храброст, уживаш во нови придобивки.
Се чувствуваш смирен и спокоен. Проблемите кои постоеја сега имаат
тенденција да исчезнат. Твојата самодоверба се воздигнува до нови висини.
Менаџирањето на бизнисот, работата или кариерата стануваат полесни.
Чувствуваш повеќе енергија. Спиеш подобро.
Луѓето околу тебе го следат твојот пример. Ги инспирираш сите да бидат
похрабри. Твојата фамилија и група стануваат похрабри.
No comments:
Post a Comment