Од 11.9, пред 10 години, многу луѓе сеуште се плашат да летаат во авиони,
да го посетат Њу Јорк или да работаат во висока зграда. Многу Американци се
плашат од некој кој доаѓа од Средниот Исток.
Баш како што стравот од тероризам може да влијае на земјата, стравот може
да го повреди твојот успех. Наместо да работиш на твојата кариера или иднина,
стануваш тивок или се криеш.
Ако се чувствуваш исплашен, правиш лоши одлуки. Се бориш против погрешните
цели. Се чувствуваш збунет.
Стравовите прават да го замислиш најлошото. Си вртиш мали филмови во
твојата глава кои немаат ништо со твојот живот. Животот изгледа опасен.
Стравот исто така може да го повреди твоето здравје. Твоето тело е напнато.
Слабо спиеш. Не се чувствуваш активен.
Тероризмот е голем страв, посебно за многу Американци. Па каде е заканата?
Лично Искуство
Сте виделе ли некогаш терорист? Не на вести, туку со сопствени очи?
Ако пешачиш во било која насока од твојот дом, колку долго би требало да
пешачиш за да бидеш под закана од терорист? За многумина од нас, тоа е многу
долга прошетка.
Сте изгубиле пари, парче од умот или лична слобода поради терорист? Или
можеби СТРАВОТ на луѓето од тероризам е најголемиот проблем.
Целта на Терористите
Единственото нешто што терористите сакаат е да ве уплашат. Затоа и се
нарекуваат терористи!
Сте допуштиле на терористите да ја постигнат сопствената цел?
Друго прашање: Кој им помага на терористите во нивната мисија? Кој прави
пари или здобива моќ од тероризам?
Трговци Со Хаос
Л. Рон Хабард откри нов термин: Хаос (неред, конфузија) Трговци (продавачи,
промотери) да го опиши сериозниот проблем кој го имаме во нашето општество.
Секој кој профитира од страдањето на другите е Трговец со Хаос. Секој кој
сака да ја зголеми својата популарност или моќ со тоа што ќе го прави светот да
изгледа полош од тоа што е е Трговец со Хаос.
„Од нивен (Трговецот со Хаос)
интерес е да направат окружувањето да изгледа заканувачки колку што е можно
затоа што тогаш само тие можат да профитираат.“
„Погледнете во весник. Дали има
нешто добро на насловната страна? Таму има или убиство или ненадејна смрт,
несоглсување или катастрофа. Дури и тоа,
лошо како што е, е сензационално да се направи да изгледа полошо.“ – Л. Рон
Хабард
Трговци со Хаос вклучува политичари, адвокати, дилери на оружје и најмногу
од сé, новинарски организации.
Политичарите се хранат со нашите стравови. На пример, политичарот прави
криминалните статистики да изгледаат поголеми од било кој што некогаш замислил.
Ветува дека ќе се бори со криминалот подобро од неговите опоненти. Тој победува
АКО исплаши доволно луѓе.
No comments:
Post a Comment