7.11.11

15 Прашања за Правење Големи Одлуки (втор дел)

4. Финансии? Две витални прашања: Што чини секоја опција? Колку пари ќе врати секоја од нив? Цената не е бариера ако предвиденото враќање е поголемо од цената.

5. Секвенци? Повеќето луѓе  забораваат да погледнат во точните чекори инволвирани во секоја ситуација. На пример известен си по е-пошта, „Честитки! Добивте луксузно АМ/ФМ радио, $500 во кеш, 60 ТВ или крстарење до Алјаска!“ Одлучуваш да си ја подигнеш наградата.
Никогаш не ги читаш ситните букви или прашуваш кои чекори се вклучени. После четири – часовна продажба на  Бугарско кондо, добиваш купон за евтино радио.

„Ако одлучам да го купам БМВто, што ќе се случи потоа?“ Можеби ќе сфатиш дека треба да чекаш два месеца до доставата. Исто така сфаќаш дека треба да платиш осигурање, да платиш регистрација, да ја продадеш Тојотата итн.

Кога интервјуираш работници за работа, прашај „Ако побарам да почнеш в Понеделник, што би направил?“ Некои апликанти велат, „Па, може да немам кола...“ или „Болна ми е птичката...“ Паметен работник вели, „Ќе се појавам пет минути порано!“

6. Дали овој избор е легален и етичен? Дали е фер кон сите вмешани? Дали ќе бидеш горд на одлуката во иднина? Дали би имал проблем да го кажеш твојот избор на судија или ТВ новинар?

7. Која е можноста за успех? На пример, колку БМВ или Акура купувачи се среќни доволно за да купат слична кола? Колку долго ќе трае Тојотата?

Преметајте го текот на успех за секој избор ако немаш конкретен податок.

Даниела го пресметува текот на успешен брак со Горан дека е поголем со втората опција, ако има долга свршувачка, отколку останатите две опции.

8. Дали ги имам ресурсите? Ресурсите вклучуваат луѓе, простор, вештина, знаење, пари и време. Дали ги имате неопходните орудија за секој избор?

9. Кои се крајните резултати? Ако се оди како подмачкано, како секој избор би излегол? Кој би бил резултатот? Како тоа би ги сменало нештата за година или две?

10. Што другите сакаат да направам и зошто? Како што твојот избор влијае веројатно на другите луѓе, сакаш да знаеш кој избор сакаат тие да го направиш. Уште поважно, зошто сакаат тоа да го направиш.

Направи листа на секој кој е погоден и што ти веруваш дека тие сакаат.

Не бараш да ти помогнат со одлуката, едвај собираш информации.

11. Кои се потенцијалните придобивки и бенефиции? Излистај ја секоја од овие категории за секој избор.

12. Кои се потенцијалните загуби и несигурности? Најлош случај сценарија и ризици. За секој ризик, погледни како можеш да се заштитиш самиот или групата.

На пример, Давид ја разгледува главната експанзија на неговата компанија за четки за коса. Погледнува во ризикот и сфаќа дека може да заврши со премногу четки за коса в магацин. Да ја заштити неговата групата, сфаќа дека треба да ја зголеми продажбата и маркетингот пред да го зголеми производството за да се осигура дека нема да има проблем со магацинот.

Даниела го прегледува ризикот од бракот и сфаќа дека долга свршувачка има многу помал ризик од развод отколку брз брак.

13. Кои се сите бариери и потешкотии за секој избор? Што излегува на пат на секој избор. Недостаток на пари? Никој друг не го сака? Нема доволно време? Страв?

Давид гледа месеци напорна работа за да ја причини експанзијата.

Владе не гледа потешкотии со купување БМВ или Акура, но излистува неколку проблеми со поправање на старата Тојота.

Даниела сфаќа дека Горан можеби не сака трета опција или само состанувања, но би подржал долга или кратка свршувачка.

14. Што би било и без напор кај секој избор? Некои избори не вклучуваат бариери воопшто.

15. Што навистина јас сакам? Што би направил? Што ме интересира? Кој избор ме пали и ме прави најсреќен? Зошто би го правел тоа?

Последното прашање е кршач на договори. Интересот и ентузијазмот се витални за на крајот да завршиме со вистинската одлука.

Во ред одлука со многу интерес и ентузијазам е поуспешна од брилијантна одлука без интерес или ентузијазам.

Никогаш не жалиш за вистинска одлука. Го поминува тестот на време. Серија на точни одлуки ќе ја изградат твојата сигурност и доверба. И кога еднаш тие околу тебе ќе научат дека си обично во право, го следат твоето водство без двоумење.

No comments:

Post a Comment