За да успееш ти треба самодоверба. За среќа самодоверба лесно се
постигнува.
„Самодовеба е ништо повеќе од
верба во сопствената способност да одлучи и во сопствените одлуки.“ – Л. Рон
Хабард
Сите направиле лоши одлуки: избрале пријател што ги забодел в грб, го
кажале погрешното нешто на сопружникот, неразумно трошење пари. Сепак за да
успееш ти треба самодоверба,
мора да одлучуваш.
мора да одлучуваш.
Кога се плашиш од одлуки, правиш стрес, креираш конфузија и ги оставаш
луѓето да чекаат.
Кога одложуваш носење одлуки, пропушташ важни можности.
Најлошиот начин да се донесе одлука е да се гласа. Да ги прашуваш луѓето за
нивно мислење е како да велиш, „Немам воопшто самодоверба. Те молам кажи ми што
да одлучам.“
Првото нешто што треба да одлучиш е дека можеш да направиш добри одлуки.
И како правиш добри одлуки?
„Дадена информација и целта,
секој може да направи одлука.“ – Л. Рон Хабард
Носење одлуки е како играње карти. Ако ги знаеш картите на секој играч,
правиш големи одлуки и ги добиваш парите.
Да правиш добри одлуки, единствено ти треба доволно информации.
15 Прашања да се Одговорат Пред
да се Направи Одлука
Сите твои одлуки можеш да ги направиш самиот. Од почнување на бизнис до
менување на кариера, купување куќа до одбирање на одмор. Секоја одлука е лесна
да се направи.
Прво, излистај ги сите твои опции.
На пример, Владе се обидува да одлучи за купување нова кола. Неговиот избор
не е „да купам или да не купам“. Во неговиот случај, всушност има избори: 1) да
купи ново БМВ од 60 000 евра, 2) да купи употребена Акура од 30 000 евра, 3) да
ја поправи и задржи старата Тојота.
Друг пример, Горан ја бара Даниела за жена. Даниела ја разгледува понудата
и одлучува дека има четири избори: 1) Веднаш да каже „да“ на Горан, 2) Да се
омажи со Горан после долга свршувачка, 3) Да не се омажи за Горан туку да
продолжи врската, 4) Да не се омажи за Горан и да ја прекине врската.
Еднаш кога ги излиставте вашите опции, најди ги одговорите на овие 15
прашања за секоја од опциите. Ќе знаеш некои од овие одговори и ќе ги откриеш
останатите.
Некаде по пат, твојата најдобра исправна одлука ќе биде очигледна.
1. Која е целта или намерата на
секоја опција?
Владе пишува, „1) Целта на БМВто е да возам во стил и луксуз додека ги
импресионирам моите пријатели. 2) Целта на Акурата е да имам комфорен транспорт
без голем заем и одплати. 3) Целта на Тојотата е да имам добар издржлив
транспорт по мала цена.“
Даниела ги испитува намерите на секоја од нејзините опции. Таа пишува, „1)
Целта на омажување на Горан веднаш е да продолжиме со нашите животи заедно. 2)
Целта на долга свршувачка е да оставам доволно простор за да се премислам. 3)
Целта на немажење, но продолжување со врската е да научам повеќе за него без
обврски. 4) целта на преќинување на врската со Горан е да си најдам некој друг.
Па, можам да ја елиминирам последнава опција затоа што смачено ми е од барање и
стварно го сакам Горан.“
2. Како намерата на секоја
опција се израмнува со твоите цели?
Владе пишува, „Целта ми е да возам нешто комфорно со што можам да бидам
горд но не да ги потрошам сите мои екстра пари. Акурата најдобро се сопаѓа со
таа цел.“
Даниела пишува, „Ја имам целта да се омажам, па првите две опции се
израмнуваат со целта.“
3. Кои се статистиките на секој
избор?
Секоја од твоите опции има статистики.
Владе може да ги научи трошоците за одржување, цена на препродавање, литри
на километри и.т.н.
Даниела може да ги провери статистиките на Горан во животот. Колку си стои
на зборот? Колку пари прави? Што се случико со неговите минати врски?
Кога вработувате некој, неговите или нејзините статистики во животот и на
последното работно место се битни.
Кога се одлучуваш на работа, кариера, врска, нов бизнис или било што, може
да ги најдиш досиејата по патот.
No comments:
Post a Comment