1.10.11

Потребата за Брзина

Колку долго чекаш за стрижење? За ручек во ресторан? За да ти ја поправат колата?

Колку долго треба за да се иритираш?

Како се чувстуваш кога ке добиеш инстантна услуга?

„Сакаш да ја ремоделираме твојата кујна? Можеме да ја завршиме до следната недела.“

„Ти треба нова возачка дозвола? Добро. Застани тука за слика. Еве ја твојата возачка. Имај убав ден!“


Едно од најлошите нешта што можеш да им направиш на луѓето е да ги оставиш да чекаат. После пет минути им станува неудобно. За десет минути се несреќни. За петнаесет тие се иритирани. После дваесет одлучуваат да си заминат.

Нема бенефит од тоа да се остават луѓето на чекање. Тие не мислат, „Човече, Драган е многу важен, многу зафатен, многу баран!“ Наместо тоа, тие мислат, „Драган не е добро организиран. Или можеби Драган не мисли дека јас сум многу важен.“

„Да просперираш, услугата мора да биде најблиску што е можно до инстантна.“

„Било што што ги спречува или задоцнува тековите во бизнисот или задоцнува или става клиент  или продукт на ЧЕКАЈ е непријател на тој бизнис.“ – Л. Рон Хабард

Било кои бизниси кои испорачуваат брза услуга, или бргу можат да направат продукти, ја превземаат индустријата. На пример, МекДоналдс ви дава жешка храна во една минута. Оваа компаниа ги направи сопственикот и извршителите богати затоа што даваат брза услуга.

Истиот принцип работи и за тебе. Кога и да направиш клиент да чека, твојот шеф чека или дури и соработник чека, го повредуваш твојот приход.

На пример, мрзелив келнер ги прави гладни клиентите, чека цели 10 минути пред да ја земи порачката и не добива бакшиш. Истиот клиент дава 30 денари бакшиш на келнер кој ја зема порачката за 30 секунди. Со 40 клиенти на ден, брзиот келнер прави 1200 денари или повеќе неделно затоа што испорачува брза услуга. Ресторанот исто така прави повеќе пари ако клиентите ја користат маста 45 минути на место 60 минути што значи повеќе клиенти ќе бидат услужени секоја недела.

Отвораш мала печатница, не можеш да фатиш доволно работа за да ги платиш сметките. Па го користиш принципот на брзина и рекламираш, „Ние ќе ги испечатиме сите материјали за 24 часа.“ За недела, имаш десет нови работи. Иако работиш цела вечер, ја крадиш работата на конкуренцијата и го превземаш полето. Наскоро ќе можеш да наплаќаш екстра за 24 часовна услуга.

Шефот бара од тебе и двајца твои соработници да ги соберите статистиките за последните шест месеци. Ти му ги носиш на шефот за еден час. Еден од соработниците ги носи на крајот од неделата, а другиот заборава на тоа. Ако си константно брз, на кого ќе сака шефот да му даде поголема одговорност и плата? Кој може да биде испуштен?

Ако сакаш да успеваш и просперираш, мора да си брз!

Пет Чекори за Планирање


Запрашај се самиот овие прашања за да го креираш планот за акција.

1. Што точно правиш или продуцираш за да заработиш пари? Ако водиш бизниси, како овие бизниси ги прават парите?

2. Напиши го секој чекор од процесот кој го употребуваш. Погледни го секое задоцнување. Каде текот се успорува?

3. Како можеш да ги убрзаш овие точки? Како можеш да постигнеш скоро инстантна услуга или испорака?

4. Кој те чека? Од тие луѓе, кои имаат било какво влијание врз твојот успех?

5. Како можеш да ги скршиш сите рекорди на брзина и да им дадеш на овие луѓе она што им треба инстантно?

No comments:

Post a Comment