Две Правила Кои Ве Прават Среќни
Што ја одредува вашата среќа? Дали некој друг одлучува колку сте среќни?
Дали среќата е предодредена и надвор од ваша контрола? Дали судбината има нешто
со тоа? Бизнисот со среќа е голем бизнис: дрога, алкохол, коцкање, прејадување
и други лоши навики се базирани на нашата потреба за среќа. За несреќа, тие
„решениа“ стануваат поголеми проблеми и нé прават понесреќни. Многу луѓе се
откажуваат од идејата дека можат да бидат среќни. Велат нешта како, „Сите што
ти велат дека се среќни лажат.“ „Јас би бил среќен да имав подобра _____ (жена,
работа, тело, куќа, приход, родители, деца, шеф, вработени).“ „Животот смрди и
после умираш.“ Меѓутоа бидејки ја читаш статијава, знаеш дека нешто може да се
направи за тоа. Знаеш дека ја имаш моќта да се направиш посреќен. Ти ја
контролираш количината на уживање во твојот живот. Ја контролираш основата
според тоа колку добро ги следиш овие две правила:
„Еден: Биди способен да искусиш
сé.“
„Два: Причинувај ги само оние
нешта кои другите се способни да ги искусат лесно.“- Л. Рон Хабард од Скиентологија: Нов
Поглед на Животот.
Правило Еден
Да го следиш ова правило, стануваш волен за Сé да ти се случи. Можиш да го
соочиш и искусиш. На пример, некој ти вика и ти можиш да го поднесиш. Не сакаш
луѓето да ти викаат, но можеш да се справиш со тоа. Не се плашиш да ти се
развикаат. Затоа што можеш да искусиш луѓето да ти викаат, се уште би бил
среќен кога и да се случи. Пред неколку години Калифорниски продавач на пожарни аларми
беше преплашен дека куќата ќе му се запали. Изработи планови за бегство,
инсталира пожарни прскалки во куќата и ги инсталира најновите аларми. Зборуваше
за пожар толку често што неговиот седум годишен син стана фасциниран од кибритчиња.
Природно, неговиот син започна пожар, прскалките не работеа и куќата изгоре до
темел. За среќа никој не беше повреден. Откако го пребродија шокот, продавачот
на пожарни аларми почна да се смее. „Иако направив сé што можев да помислам за
да спречам пожар, завршив со тоа што причинав пожар со стравот. Излезе дека не
е така страшно! Изгоре куќата и ние сме добро!“ После тоа, идејата дека
неговата куќа ќе изгори не го правеше несреќен. Можеше да го искуси.
„Да биде среќен, некој мора да
биде способен да соочи, што е да кажеме, да ги искуси нештата што се.“- Л. Рон
Хабард
Билошто што не можете да го искусите
или соочите ќе ве направи несреќни. Па обратно, учејки да се соочи реалноста е
првиото правило да се биде среќен. На пример, да ја направиш твојата работа
треба да направиш презентација на група луѓе. Било како, мразиш да зборуваш на
групи. Измислуваш оправдувања и го избегнуваш овој дел од работата додека те
отпуштат. Ако наместо тоа ја соочиш музиката и го направиш говорот, и покрај
твојот страв, способен си да искусиш. Ја соочуваш работата и се чувствуваш
среќен.
Правило Два
Да причинуваш само нешта што другите можат лесно да ги искусат значи дека
треба да обрниш внимание на другите луѓе. Сите ги искусуваат нештата различно.
На пример, твојот описен јазик ја навредува мајка ти, но ги засмејува твоите
пријатели. Поминување на денот во трговски центар е радост за твојата ќерка, но
досадно трошење време за син ти. Твоите политички погледи го разлутуваат татко
ти, но го инспирираат соседот. Да се биде среќен, не можеш да имаш ставови како
овие: „Му велам што сакам на кого сакам.“ „Ако не ти се допаѓа тоа што го
правам, тоа е твој проблем.“ „Нечесно е да не кажам како се чувствувам.“ Ако не
се грижиш за среќата на другите луѓе, луѓето околу тебе на крај нема да се
грижат за твојата среќа. Сите се несреќни.
„Ако го испиташ твојот живот, ќе
сфатиш дека те мачат само оние акции кои некој ги направил кои друѓите не се
способни да ги примат.“ – Л. Рон Хабард
На пример, ако удриш некој по уста за време на бокс натпревар, никој од вас
нема мака. Било како, ако го удриш пријателот по уста за време на некоја
расправа, твојот пријател не може лесно да искуси удар и двајцата сте несреќни.
„Да се креираат само оние ефекти
кои другите можат лесно да ги искусат ни дава чисто ново правило на живеење.“ –
Л. Рон Хабард
Ако го прекршите ова правило, креирате непријатели. Ако го следите ова
правило, вашите работни односи, брак и пријателства сите напредуваат. Правилото
бара да забележиш што луѓето можат лесно да искусат. На пример, забележуваш
дека твојот сопружник не може лесно да го искуси твоето постојано жалење за
твојата работа. Сфаќаш дека не ти помага што му се жалиш. Престануваш да се
жалиш и твојот сопружник изгледа посреќен. Ти се чувствуваш посреќно. Правилото
функционира.
Заклучок
Можеби си мислиш дека ова второто правило значи дека не можеш да бараш
добри перформанси од твоите вработени или да ги исправиш твоите деца. На
пример, „Моите вработени не можат лесно да искусат напорна работа, па ќе бидам
мек со нив.“ Било како, високата продуктивност го крева моралот. Мрзеливоста
уништува продукција, го намалува моралот и ја уништува твојата компанија.
Банкротирана компанија е тешка за било кој да ја соочи! Па учиш да бараш добри
перформанси додека си ведар и сите се продуктивни и среќни. Децата може да не
сакаат да го јадат нивниот оброк или да ги мијат забите, но лошо здравје или
забна болка е многу потешко да се искуси. Учиш да ги натераш децата да го
прават тоа што треба без гнев или закани. Искористи го твојот заклучок.
Планирање
Искористи ги двете правила за среќно живеење во твоето планирање. На
пример, треба да разрешиш конфликт со твојот бизнис партнер. Да се разреши
несогласувањето може или А.) Да се заканиш дека ќе го тужиш ако не го добиеш
тоа што го бараш, или Б) Најди и работи до заеднички цели. Планираш да го искористиш вториот избор затоа
што е полесно и за двајцата да го искусите. Бизнис сопственици и менаџери се
стекнуваат со лоша репутација кога креираат ефекти кои другите не можат лесно
да ги искусат. На пример поседуваш бизнис и откриваш дека месечната поделена
плата е превисока. Можеш или А.) Да отпуштиш 20% од вработените, или Б.) Да
ветиш дека ќе си ги задржат работите ако приходот се зголеми за 20%. Што е полесно
за твоите вреботени да искусат? Што ќе те направи посреќен на долги стази?
Двете правила за среќно живеење се моќни брачни правила. На пример, ако научиш
да искусиш Сé што твојот сопружник прави, како може тој или таа да ве направи
несреќни? Дополнително, ако ти правиш или велиш САМО нешта што твојот сопружник
може ЛЕСНО да ги искуси, како ќе се чувствувате и двајцата?
Четири Препораки за Посреќно Живеење
Направи четири листи за да се направиш многу посреќен оваа недела.
- Запиши сé што беше тешко да искусиш последната недела.
- Напиши што можеш да направиш за полесно да ги искусиш тие нешта оваа недела.
- Излистај што си направил или рекол последната недела што другите не можеа лесно да го искусат.
- Запиши како можеш да ги постигнеш целите за идната недела додека причинуваш ефекти кои другите можат лесно да ги искусат.
Дополнителна идеја: Замисли што би се случило ако поминеш цел ден на
причинување ефекти поради кои другите уживаат. Зошто да не?
No comments:
Post a Comment