Најголемиот проблем со вештачките вилици е дека тие не се комфорни. На некои луѓе им се погодуваат веднаш додека други никогаш не се среќни со тоа како им стојат и изгледа дека секогаш страдаат.
Несрекните пациенти се враќаат кај нивните забари за неколку подесувања. Пробуваат различни лепила. Дури и одат кај други забари и почнуваат од ново.
Но без разлика што и да прават, вештачките вилици на некои луѓе никогаш не се комфорни.
Па изработувачот на вилици спроведе анализа за да открие зошто некои вилици лесно се вклопуваат во устите на некои пациенти, но со други беа константен проблем.
Според оваа анализа, го проценуваа типот на материјал користен во вилиците. Го зедоа во предвид методот на одредување на формата и големината на вилиците. Исто така ги провериа и обуките на забарите и техниките. Но не можеа да откријат зошто пациентите ги сакаа или мразеа своите вилици.
И после тоа го испитаа овој фактор: најмногу од пациентите кои се жалеа дека нивните вилици не се вклопуваат НЕМАА ПЛАТЕНО ЗА НИВ. Сеуште им должеа пари на докторот!
Ако пациентот или неговата осигурителна компаниа платила за вилиците, изгледаше како да се вклопуваат подобро.
„Кога допушташ некој да биде нечесен, му правиш основа да се разболи физички или да биде несреќен.“
„Кога допушташ личност да даде ништо за нешто, всушност охрабруваш криминал.“ – Л. Рон Хабард
Ако даваш бесплатна услуга или продукти на луѓе, порано или подоцна нема да ја ценат твојата помош. Всушност може и да не те сакаат. Ги правиш да бидат нечесни и тоа ги прави болни или несреќни! (А ти си мислеше дека им правиш услуга.)
Луѓето бараат да дадат размена. Ако ти ја искосат тревата или исчистат куќата, ќе се чувствуваат многу подобро за твојата помош.
Добитниците на лото најчесто ги губат сите свои пари за неколку години. Купуваат скапи коли и ги кршат. Купуваат големи куќи и ги оставаат да се рушат. Еден човек ја искористи својата добивка да се опие до смрт.
Тие кутри луѓе не ги заработиле тие пари. Тие добиле нешто за ништо па ним не им значело ништо.
Луѓето сакаат да бидат добри. Сакаат да бидат чесни. Кога добиваат нешто за ништо склони се кон губење на истото, затоа што знаат дека не го заслужиле.
Деца и Размена
„Многу од овие дисбаланси во размената доаѓаат од детската психологија каде детето не придонесува ништо и не му е дозволено да придонеси.
„Тоа е тоа кое прво го обзема со чувства на обврска кон родителите и после вреснува во целосен револт во тинејџерските години.
„Деца кои им е дозволено да придонесуваат (не како слатка работа да се направи всушност) прават децата кои не придонесуваат кои се на иста возраст да изгледаат како диви мањаци!“ - Л. Рон Хабард
Кога им дозволуваш на децата да дадат размена стануваат многу посреќни! Деца, на возраст од три години, можат да придонесат со собирање на играчките, не-викање, помагање во кујната и така натаму.
Препораки
1. Кога луѓето се жалат за тоа што правиш за нив, провери дали ти дадоа соодветна размена. Ако не, направи барање.
2. Осигурај се дека ќе направиш чесна размена за добрата или услугите кои примаш. Како луѓето со вилици, ќе бидеш посреќен со тоа што го примаш ако направиш фер размена.
3. Учи ги децата и возрасните дека светот не им должи живеење. Мораш да најдеш начини да заработиш сé до што ќе дојдеш во животот. Дозволи им да ти помогнат.
No comments:
Post a Comment