Дали некогаш сте завршиле зафатен ден без да постигнете било што? Веројатно
сте биле расеан. Дали некогаш се прашувате зошто се чувствувате фрустрирани на
работа? Расеаноста можеби ве стопира. Дали некогаш чувствувате стрес?
Расеаноста може да е проблемот.
Расеаноста е деструктивна сила која уништува продукција. Примери:
Муабетливи
соработници, фамилијарни проблеми, сончеви денови, врнежливи денови,
одмори, земјотреси, долгови, продавачи, грижа за пари, здравствени проблеми и
така натаму.
Препознавање на расеаност е првиот чекор да се справите со неа. На пример
телефонските телемаркетинг повици се многу непопуларни затоа што расејуваат.
Детален опис на филм додека работиш расејува освен доколку си во бизнисот со
филмови. Продавач в продавница кој зборува за своите лични проблеми на телефон
додека муштериите чекаат е уште еден пример.
Важно долготрајно решение на расеаноста? Организирај се.
„ОНИЕ ИНДИВИДУИ ИЛИ ОБЛАСТИ КОИ
СЕ НАЈМАЛКУ ОРГАНИЗИРАНИ СЕ ПОГОДЕНИ НАЈМНОГУ ОД РАСЕАНОСТ.“ – Л. Рон Хабард
Добро организиран бизнис ја разбира расеаноста и се организира за да се
справи со нив. На пример, клучен работник се јавува дека е болен. Групата се
јавува на привремен работник од агенцијата за минута. Лошо организирана група
дискутира за проблемот 20 минути без да дојде до решение. Тие се тогаш расеани
цел ден затоа што мораат да ја прават работата на оној кој недостига.
Добро организиран бизнис сопственик добива белешка за легалност, тој го
испраќа проблемот до човекот за легалност и се фокусира на тоа да оствари
просперитетен ден. Лошо организиран бизнис сопственик остава се и го троши
целото утро на телефон и се грижи за тоа цел ден.
Добро организирани групи се справуваат со итности, катастрофи и наеднаш ја
зголемуваат продукцијата без потешкотии во дишењето. Лошо организирани групи се
совладани од нив.
Лична Организација
Организирајки го сопствениот живот за да не сте расеани ја зголемува
продуктивноста и приходот.
На пример, не треба да зборуваш со секој кој се јавува. Смешно е да го
читаш секое парче на е-пошта кое го примаш.
Со организирање, ги игнорираш сите комуникации кои не ја подржуваат твојата
цел. Додека работиш, ги игнорираш
фамилијарните проблеми, личните проблеми, дури и здравствените проблеми. Сите
супериорни производители го прават тоа. Додека работиш, ништо не е побитно од
работата.
Наместо да ги слушаш продавачите, велиш, „Извини, мора да се вратам на
работа. Ти благодарам.“
Наместо да ги слушаш долгите дискусии на некој вработен за некој проблем,
му кажуваш, „Тоа е толку важно што би сакал да го напишиш и јас да го проучам.
Ќе го направиш тоа?“
Наместо мечтаење за излет во планините, ја правиш работата што е можно
побргу за да можеш да одиш на излет.
Кога ја организираш работата, избегнуваш, игнорираш или заменуваш луѓе кои
расејуваат со нивните муабетчиња, критикувања или глупости. Го правиш истото со
вработените или соработниците кои прават сé освен нивните работи.
Како Подобро да се Организираш
1. Напиши ги петте најголеми нешта кои те расејуваат.
2. Одма до првата, напиши како можи да се организираш и да ја намалиш
расеаноста.
3. Направи го истото за другите предмети на листата.
4. Следи го планот и организирај се!
5. Запиши трајни правила или полиси за себе или твојата работа за да
останеш организиран.
Лични примери: „Ќе примам лични повици за време на паузата за ручек.“ „Ако
огладнам попладнево, ќе жвакам мастика и ќе продолжам да работам до 5:00.“ „Ќе
ги избегнам конфликтите со брат ми со тоа што нема со него да зборувам за
мојата работа.“
Бизнис примери: „Секој Декември, ќе ги правиме овие чекори за да го
задржиме вниманието на работата покрај празниците.“ „Ако некој ве замоли да му
ја завршите работата, побарајте си плата за тоа.“ „Ако имаш сугестии за
компанијата, те молам запиши ги сите детаљи и стави ги во мојата кошница.“
No comments:
Post a Comment