Тајната на Големиот Брак
Зошто овие изјави се лаги?
„Медениот месец заврши. Не можиме да добиеме ни искра назад во нашиот
брак.“
„Кога те омажив, очекував дека ќе останиш заљубена во мене.“
Кога ќе запознаеш некој и се заљубиш, изгледа дека твојата љубов ќе трае
засекогаш. Па се омажуваш. Сакаш трајно чувство на љубов. Сепак порано или
подоцна, се случува... нема повеќе искра.
Можеби брачен советник ви кажува да одите на викенд патување заедно. Ако
уживате во викендот, можеби ќе почувствувате мала искра пак. Но еднаш кога ќе
се вратите назад на вашата рутина, меденииот месец е завршен пак.
Можеби ќе пробате некаква дрога (лек) или пијалок малку вино за да го
подобри бракот. Ако помогни, краткотрајно е и после паѓа во нови нискости.
Покрај тоа, кој сака да зависи од хемија за добар брак?
Пречесто, мажите и жените се откажуваат. Тие или учат да живеат во мртва
врска или се разведуваат.
Најголемата лага е дека еднаш штом се омажиш, можеш да си седниш и да си
уживаш. За несреќа, бракот не постои затоа што вие имате брачна лиценца.
Фамилија не постои само затоа што имате деца.
„Многу лесно е да срушиш
фамилија затоа што нема врска во фамилијата освен извештачена врска.“
„Сега, не велам дека бракот е
лажна врска. Не е. Во ова општество и време, фамилијата е најблиската спојка,
само-зачувана, само-заштитена единица и е неопходна економски и поинаку на
општеството на начинот на кој е монтирано во сегашно време.“
„Врската, во основа, е
постулирана* врска. Нема вистина во врската. Тоа е постулирана врска.“
„И кога луѓето ќе престанат да
ја постулираат, престанува да постои!“ – Л. Рон Хабард (*Постулирана: Нешто што
креираш или одлучуваш дека е вистина.)
Како градина, на бракот му треба константна работа. Да креираш убава
градина, треба да ги отстраниш тревите и да ги наводенуваш засадите. Ако не ја
креираш или постулираш константно градината, таа умира.
Ако ти и твојот сопружник го креирате вашиот брак, никој не може да дојде и
да го уништи ова. „Ја заведе жена ми и ми
го уништи бракот“ е уште една лага. Вистинска изјава е, „Го игнорирав бракот две години, и така таа
најде некој кој сака да креира врска со неа.“
Кога би можел само да креираш брак еднаш и да заборавиш на тоа, сите би
имале среќен брак. Никој не би се развел.
Крајна линија: Среќен брак бара константна креација од двете страни на
дневна основа.
Примери на Како да го Креирате
Вашиот Брак
- Направи напор да го насмееш сопружникот секогаш кога е возможно
- Пофали ги неговите или нејзините достигнувања
- Чувај го телото, здивот и забите чисти
- Давај мали поклони и изненадувања
- Ако еден од вас е надвор од градот, зборувајте на телефон најмалку еднаш
во денот
- Согласете се на целите на кои можете да работите заедно
- Најдете начин да ја подржите сопругата
- Секогаш биди подготвен да слушаш
- Согласете се на искуствата кои ви пружат најмногу задоволство и направете
ги
Секако, најефективен начин да го креирате бракот или врската е да одлучите
да го правите тоа. Ако го посакувате тоа силно ќе ви дојдат на памет многу
начини како да го направите тоа.
No comments:
Post a Comment