22.10.11

Не Значи Не!

Дали е полесно за вас да кажете „да“ или „не“?

Ако си како повеќето луѓе, „не“ е тежок збор да се употреби. Кажување „не“ е како кажување на некој дека е лош или греши. „Не“ изгледа како да ги одби.

Било како, ако не можеш да кажеш „не“, ќе имаш многу потешкотии.


Финансиски Употреби за „Не“

Не можеш да изградиш богатство ако не можеш да кажеш „не“.

На пример, ако управуваш финансии за бизнис или организација, веројатно знаеш колку често луѓето пробуваат да извлечат „да“. Сепак ако се согласиш на секое финансиско барање, твојата група наскоро ќе е шворц.

„До финансискиот менаџер е да биде многу, многу, многу цврст и да научи како да кажи не, не, не, не. Всушност, би било многу добро ако стои пред огледало десет или петнаесет минути дневно кажувајки „не“. – Л. Рон Хабард

Ако ти си финансискиот менаџер за бизнис или група, мора да кажеш „не“ во корист на твојата организација.

Дури иако не ги менаџираш финансиите на групата, ти СИ финансискиот менаџер на твоите лични финансии. Ти исто така треба да научеш да кажеш „не“. Ако не можеш да кажеш „не“, никогаш нема да изградиш богатство.

Временски Употреби за „Не“

Како парите, времето мора да биде мудро искористено за да го изградиш твојот успех. Всушност, твоето време е твојот највреден ресурс и мора да биде потрошен паметно. Сепак твоите одлуки може да не бидат секогаш популарни меѓу другите.

Веројатно си слушнал изјави како овие:

„Да се согласуваш, значи да напредуваш.“

„Ако ме сакаш, ќе кажиш да.“

„Работи тука со мене и не го нишај чамецот!“

За да се придвижиш напред, МОРА да кажеш „не“ на не-продуктивни активности.

„Не, извини, не сакам да се опијам вечерва.“

„Би сакал да гледам ТВ, ама не, одам да учам.“

„Дали сакам да успорам и чекам? Никако!“

Лични употреби за „Не“

Најтешката личност да се каже „не“ е самиот себе. Било како, како почнување на себе си и променување на себе си, само-контролата бара од тебе да се заприш.

Кршење на лоша навика е едноставно кажување „не“,

„Не, извини, нема да ја изедам кутијата со чоколадни крофни.“

„Не, нема да ја употребам кредитната картичка да го купам новиот стерео систем.“

„Не, не пушам сега.“

Кажувајки си себе си „не“ е исто важно за сопствениот успех.

„Не, не е време да прекинам со работа и да одам дома.“

„Не, работата сеуште не е перфектна.“

„Не, ќе ЃИ постигнам моите цели.“

Препораки

1. Запиши ситуации кога требало да кажеш „не“ во однос на пари.

2. Запиши моменти кога требало да кажеш „не“ во однос на време.

3. Запиши примери кога би требало да кажеш „не“ во однос на лични навики.

4. Кажи „не“ на огледалото десет или петнаесет минути.

5. Кажи „не“ на себе си и другите во секоја ситуација испишана погоре. Кажи „не“ на слабости, неуспеси и загуби.

6. Ако кажеш „да“ или „можеби“ кога требало да кажеш „не“, повтори го советот на Л. Рон Хабард и кажувај „не“ на огледалото десет или петнаесет минути.

No comments:

Post a Comment